Анте Ребиќ му ги отплатил кредитите на цело село.
Анте Ребиќ пред самото финале ја направи Хрватска да се гордее со него.
Наиме, жителите на местото каде што ги направил првите чекори од кариерата, Долно Винјане(Donje Vinjane), му спремаат спектакуларен дочек, со поставени плакати низ улиците со неговото лице и навивачки пораки – Она што Анте Ребиќ го прави на светското првенство, може некој само со камени гени. Без почит, постигнува голови волеј од 20 метри, излегува еден на еден и го дрибла голманот. Ребиќ со своите крилни продори и лесно ослободување од противникот го крева стадионот на нозе. Играчот кој беше дел од третата лига, денеска вреди 50 милиони евра, но во неговиот крај тврдат дека парите нема да го променат. – пишува Индекс.
Неговиот најдобар пријател, Ловро Шиндик(Lovro Šindik), бивши колега од времето кога играл во Сплит и за младата репрезентација на Хрватска, за Аустрискиот лист Хојст, накратко изјави за тоа колку Анте е поврзан со неговиот роден крај.
Тоа е едно мало место, не многу далеку од Сплит. Анте на 19 години си замина во Италија, но никогаш не заборава од каде си заминал. Во селото, на сите им ги отплати кредитите. Тоа е едно мало село во кое живеат 500 жители. – прозборе шиндик за гестот за кој ќе се долго време ќе се зборува.
“Хрватска со ваква игра со срце, може се, одеме до крај”, додаде најдобриот пријател на Ребиќ.
извор: Index.
MD










