Најава за финалето Хрватска – Франција. Далиќ принуден на една промена.

0
510

Денеска ќе се одигра последниот натпревар од светското првенство.
Денеска е денот кои сите спортистите, љубителите на фудбалот, па и оние кои не се љубители на фудбалот, едвај го дочекуваат овој ден.

На стадионот „Лужники“ во Москва, во 17:00 ќе се игра финалниот натпревар од светското првенство помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.

Ова ќе биде едно доста еуфорично финале, судејќи према онаа игра на Хрватите од претходните натпревари, борбеноста и завршниците, но, да не заборавеме дека и Французите имаат еден свој типичен стил на игра кој добро знаат да ја држат топката и непосакуваниот резултат.

Ова може да биде еден проблем за Хрватите ако, како и во претходните натпревари примаат гол во првите 10-20 минути, тоа навистина може да биде еден таканаречен проблем бидејќи Французите кога се во водство добро знаат да ја земаат играта под контрола и бранат.

Сепак, како љубител на фудбалот од балканските простори уверен сум дека Хрватска може, има сили, има истрајни има борбени играчи, има одличен голман кој ќе го брани својот гол, има одбрана која го штити од било какви продори во шестнаестерецот, има најдобра средина на мундијалот која знае да биде и офансивна и дефанзивна и да забие гол, а има и напад од кој противникот треба да се пази во секој момент бидејќи знаат да забијат гол на секаков начин.

Медиумите во Хрватска тврдат дека Далиќ не планира да прави сериозни промени во однос на екипата која го обезбеди овој пласман и одигра одлично на последните натпревари, но ќе биде принуден за една замена

Хрватските медиуми пренесуваат дека Далиќ нема да направи сериозни промени во составот кој му обезбеди влез во полуфиналето и финалето, но овој натпревар, тој е принуден да го замени Иван Стриниќ кој беше принудно заменет на дуелот со Англија, па се лини дека Хрватскиот селектор нема да ризикува и на неговото место ќе го стави Јосип Пивариќ, кој на оваа првенство има одиграно само 201 минута, каде најсолиден впечаток остави баш во полуфиналниот натпревар против Англија.

На нас , ни останува само да им посакаме среќа на Хрватската репрезентација и многу успех и на наредните првенства.

текст: MD