ГАЗА: Во Израелски напад на Газа убиени две деца

0
469

Во нападот на израелската авијација на окупираната територија во Појасот Газа, убиени се две деца загинаа, а уште 14 други биле повредени. Стои во изјавата на палестинското Министерство за здравство, израелските воени авиони бомбардирале објекти во Ел-Кетиба во Појасот Газа.
Според истиот извор, во нападот биле убиени Емир ел-Нимра (15) и Луи Кухеил (16). Уште други 14 Палестинци биле ранети.
Израелската армија претходно соопшти дека во Појасот Газа биле бомбардирани 40 цели поради наводни врски со движењето Хамас. Портпаролот на израелската армија, Авихеј Адри, на својот профил на социјалните мрежи објавил заканувачки пораки до Палестинците.
Објавувајќи фотографии од некои од зградите во Газа Авихеј, Адраи напишал дека е сигурен дека “народот во Газа не ги заборавил уништувањата во последните десет години”.
Тој, исто така, потврдил дека “сликите од уривање оваа година би можеле да бидат уште пострашно”. На 7 јули 2014 година, Израел ја започна операцијата “Заштитна линија”, која траеше 51 ден. Во неа Израелските сили убија 2.158 Палестинци, од кои 551 се деца. Повеќе од 11 илјади луѓе биле повредени.
Палестинската власт потоа соопшти дека речиси 29.000 домови и куќи биле оштетени во бомбашките напади. Вкупно 3.329 згради беа целосно уништени, а повеќе штета претрпеле 23.445 објекти.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)