„Концертите вечерва се покана за обединување, со сите наши политички разлики, околу остварените стратешки цели на нашата земја – членството во ЕУ и во НАТО. Дочекавме големи настани. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи“ кажа вечерва премиерот Заев од прославата по повод поканата за НАТО од Битола.
Заев смета дека она што го направила Македонија за една година е успех на сите, без разлика на политичката определба. Тој им порача на граѓаните дека „силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО“и дека секој самостојно ќе одлучува, а упати и порака до опозицијата.
„ Ја повикувам уште еднаш, и ќе ја повикувам опозицијата отсега натаму секој ден: Ајде да ја избереме македонската иднина! Нашата заедничка иднина. Ајде да престане сеењето омраза. Да се издигнеме над делбите и разликите, заради иднината на нашите и на следните генерации“.
Во Скопје прославата се одржа во Градскиот парк каде присуствуваа министрите за надворешни работи и за одбрана Димитров и Шеќеринска, американскиот амбасадор Џес Бејли. „Вечерва паркот е полн! Кога знаеме што сакаме, можеме и планини да помрднеме! И фер е да се израдуваме!“ напиша Шеќеринска на својот фејсбук профил.

Освен во Битола и во Скопје, прослави се организираат уште во 14 градови. Од Владата најавија дека во понеделник ќе соопштат колку чинеле вечерaшните прослави во кои учествуваат повеќе од 40 уметници.
Извор:НоваТВ











