Повеќе од 30 патници на Рајанер, некои со крварење од ушите, биле примени во болница во Германија откако авионот со кој патувале во Хрватска загубил притисок во кабината и морал принудно да слета на аеродромот во Франкфурт.
Авионот се спуштил за 8.000 метри, од 11.300 до 3.000 метри за само седум минути.
Како што налага стандардната процедура, екипажот им наредил на патниците да ги стават маските за кислород и почнал со контролирано спуштање.
Авионот превезувал 189 патници, од кои 33 биле хоспитализирани. Дел од патниците раскажаа што доживеаа.
“Оддеднаш маските за кислород се спуштија, останавме во темнина 15 минути, а луѓето почнаа да врескаат вонредна состојба“изјавил патник кој вели дека помислил на најлошото кога авионот почнал нагло да се спушта надолу.










