Кога човекот сака да прави добро дело, ако треба и ќе измисли начин да тоа го направи.
Мустафа ЧОВЕК со големо срце повторно ни покажа дека постојат луѓе кои без разлика на големите сопствени проблеми, наоѓаат начин да предизвикаат насмевка кај другите луѓе.
Имено, Мустафа Алајмовиќ и неговата ханума(сопруга), со природни сокови, домашна штрудла и голема насмевка ги дочекуваа учесниците на ,,Маршот на мирот, кои на овој начин им оддадоа почит нна невините жртви на геноцидот во Сребреница.

Мустафа им се заблагодари на сите пријатели кои учествувале и помогнале во реализација на ова убаво, хумано, хајр дело. Истакнува дека имало доста хумани луѓе кои со раширени раце ја прихватиле идеата и допринесоле за нејзина рализација.
Bismillah Srebrenica Potocari moj Hajr i Hajr mojih dobrih insana podjela soka i strudli
Posted by Mustafa Alajmovic on Tuesday, 10 July 2018
Приказната на Мустафа е многу тажна. Се бори да обезбеди услови за живот за својата фамилија, како и за потребата од пари за лечење на својата ханума, мајка на три деца. Тој секогаш не изненадува со делата кои нас не тераат да се прашаме колку ние им помагаме на другите.
Мустафа вредно работи да направи и продаде што повеќе производи за лечењето на својата ханума, како и за основните животни потреби. Производи продава во повеќе градови низ Босна и Херцеговина, како и преку Фејсбук страницата “KO NEMA NEK UZME HALAL JE”.(”КОЈ НЕМА НЕКА ЗЕМА ХАЛАЛ Е”).
Навистина ова е едно прекрасно добро дело, кое треба да служи и како поттик за сите нас. Аллах да ги награди.
Нашето добро е во она што го даваме и поделеме со другите. Она што ќе го поделете со другите е во ваша корист…(Al-Baqara, 272.)









