Во раните утрински часови, Сириската воздушна одбрана спречи воздушен удар на израелски авиони на подрачјето Ал Кунеитра(Al Qunaitra), објави државната сириска агенција САНА(SANA).

Према извештајот на сириската државна агенција, нападот се случил во близина на селото Хадер(Hader), кое се наоѓа на граничното подрачје на Голанската висорамнина. За среќа нема ниту една жртва туку само материјална штета.

Неколку сати пред спречениот напад, израелските сили срушиле беспилотно летало на сириската војска, кое преминало на пограничното подрачје и влегло во израелскиот воздушен простор на Голанската висорамнина.

Во средата израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху(Benyamin Netanyahu) на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин(Vladimir Putin) му порача дека Израел не е закана за сирискиот претседател Башар-ел-Асад(Bashr-al-Assad), а исто така од него побара Москва да ги тргне иранските сили од Сирија(Syria).

Нема да превземаме акции против режимот на Асад, а вие тргнете ги Иранците – зборовите ги пренесол неименован израелски висок претставник на рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Москва.

Москва предложи да бидат распоредени на 80 километри од границата, но не и да си заминат, пренесол истиот официјален претставник.

Русија веќе работи на тоа да ги повлеќе иранските сили од Сириското подрачје близу Голанската висорамнина, кое Израел го окупира уште во 1967. година во текот на војните конфилкти на Блискиот Исток.

MD