Вечерва се одигра последниот натпревар од полу-финалето помеѓу Хрватска и Англија, со пресврт на Хрватска и конечен резултат од 2:1.

После одиграните 120 минути можеме да заклучеме дека Хрватите и повеќе од заслужено одат во финале. После таква феноменална игра, борбеност, комуникација, шанси за гол и реализираните голови на Иван Перишиќ во 68′-та минута и Марио Манџукич во 109′-тата, ни оставија утакмица за паметење, која воедно пишува и историја.

Од спротивната страна, Англичаните не беа ни малку убедливи во својата игра. После прекрасниот гол во 5-тата минута на Киеран Трипиер, не успеаа да дојдат до некои посериозни шанси за гол, иако во одредени периоди само на кратко имаа добра контрола на топката.

Како и да е, после ваква прикажана игра на Хрватите, можеме многу јасно да кажеме дека се тим со врвен квалитет и борбеност до крај и се голема закана за Французите кој вчера ги совладаа Белгијанците.

Да напоменеме дека финалето ќе се игра на 15.07 во 17:00 часот, на стадионот ,,Лужники” во Москва.

MD