Го дочекавме и овој 11. јули. Болката и вознемиреноста кои вријат во нас од 11 јули 1995 година, кога е започнат и извршен геноцидот во Сребреница, не се смирува ниту поминува и никогаш нема. Иако поминаа 23 години каде најмалку 8.372 лица од Сребреница се убиени пред очите на Европа и светот, главно машки на сите годишни возрасти, од најмало до најголемо, во Сребреница сите тие жртви на 11. јули секоја година повторно се жалат.

Така ќе биде и денес, во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, ќе им се изврши џеназе на уште 35 жртви на геноцидот.

Илјадници луѓе ќе ги испратат жртвитет на последниот копнен пат,кој се завршува во Поточарската Долина од бели нишани, каде нивните души треба да најдат мир меѓу останатите 6.575, синови, татковци, браќа и сестри од Сребреница.

Жителите ширум Босна и Херцеговина пристигнуваат во Поточари за да му оддадат почит на жртвите на геноцидот, кој се карактеризира како најлош во Втората светска војна.

Во меморијалниот центар во Поточари, ќе дојдат и голем број на големи функционери, меѓу кои се и високиот представник Валентин Инцко, српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, амбасадорката на САД Морин Кормак.

Волонтери, представници на Федералната администрација за цивилна заштита, полициски агенции, вооружените сили на БиХ, Црвениот крст и други организации распоредени по должината н апатот, каде што им помагаат на другите луѓе и подаруваат вода.

Предвидено е верската програма да започне во 11 часот со химната на Босна и Херцеговина и учење на Кур’ан, а предвидено е на читање на делови од романот “Дервиш и Смрт”, изведување на илахии, проследено со оддавање на почит и полагање цвеќе за жртвите на геноцидот.

После тоа следуваат подговотвките и клањање на полден-намаз а потоа и џеназе-намаз, кои ќе ги води Реисул-Улема на Исламската заедница во БиХ Хусеин еф. Кавазовиќ

MD