Французите по златниот медал во Москва, а Белгијанците остануваат во Санкт Петерсбург да се борат за бронзениот медал.

by Administrator

Вечерва се одигра првиот полуфинален натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Белгија на Зенит арената во Санкт Петерсбург.

Имавме можност да проследеме една добра утакмица со доста шанси за гол, но сепак утакмицата заврши со миниманлен број на погодоци.

За отварање на резултатот беа потребни 51 минута, каде Франција преку Самуел Умтити, на асистенција на Антоан Гризман по изведување на корнер успеаа да забијат погодок и задржат водството со кое, обезбедија влез во финалето кое ќе се одигра во Москва на стадионот Лужники, во Недела во 17:00, против победникот од утрешниот победник од дуелот помеѓу Англија и Хрватска.

MD

You may also like