Во текот на изминатата недела, Јувентус беше силно поврзан со Кристијано Роналдо, а една од интересните работи поврзана со него е дека Роналдо направил договор со италијанско здружение кое промовира крводарителство.

Договорот за соработка е потпишан со здружението Асоцијација на Волонтери Италијани Санџу(АВИС). Тие постигнаа договор за имиџот на Роналдо со американскиот ентитет Абот, кои имаат право на светска кампања.

Како резултат на тоа, имиџот на Роналдо ќе се појави во серија на постери кои ги повикуваат луѓето да донираат крв. Исто така, АВИС наскоро ќе објави видео во кое Португалскиот напаѓач ја објаснува важноста на давање крв. Новоста за оваа соработка е голема работа во Италија, бидејќи наскоро се очекува играчот да се направи трансфер и да се приклучи во Јувентус.

извор: Marca

MD