Израел во неделата навечер изврши ракетен напад на воздухопловната база Т4 во провинцијата Хомс, објавија сириските државни медиуми, цитирајќи воен извор.
“Нашите противвоздушни одбранбени системи го спречија израелскиот напад и се урнаа неколку ракети чија цел беше аеродромот Т4”, изјави воен извор.
Воздушната одбрана погодила едeн од авионите за време на нападот и принудила другите да го напуштат воздушниот простор на Сирија, додава тој.
Израелскиот воен портпарол изјави дека Израел не ги коментира странските извештаи.
Дамаск, како и неговите сојузници, Иран и Русија, го обвинија Израел за напад врз Хомс на 9-ти април, во кој загинаа седум членови на иранската револуционерна гарда.
Страв од ширење на иранското присуство
Агенцијата Сана објави дека во неделниот напад на ракетите предизвика само материјална штета.
Израел стравува од ширење на иранското воено присуство во војната во Сирија.
Израелскиот министер за безбедност, Гилад Ердан, неодамна ја предупреди Сирија и Русија дека Израел би можел да ги нападне владејачките сили на Сирија доколку се обидат да ги формираат своите единици во демилитаризирана погранична зона на Голанска висоравнина.
Извор:Агенција











