На тој начин заврши парламентарниот систем во Турција и официјално започна новиот претседателски систем

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган положи заклетва во Големото национално собрание на Турција.

На тој начин заврши парламентарниот систем во Турција и официјално започна новиот претседателски систем.

По положувањето на заклетвата во Големото национално собрание на Турција, претседателот Ердоган кој на претседателските избори на 24 јуни освои 26 милиони 330 илјади 823 гласови, замина во посета на мавзолејот на Ататурк.

На свеченоста што ќе се одржи во претседателската палата по повод инагурацијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе учествуваат 22 шефови на држави, 28 претседатели на влади и парламенти како и 6 генерални секретари на меѓународни организации.

Денес претседателот Реџеп Тајип Ердоган во 16.30 часот според турско време во Големото Национално Собрание на Турција ќе положи заклетва, а веднаш потоа ќе го посети мавзолејот на Ататурк каде што ќе положи венец.

Во 18.00 часот во претседателската палата ќе се одржи свеченост по повод започнувањето со претседателската должност на која ќе учествуваат голем број државни претставници и гости од низа земји.

На свеченоста ќе учествуваат претседателот на Бугарија Румен Радев, претседателот на Грузија Гиорги Маргвелашвили, претседателот на Македонија Ѓорѓи Иванов, претседателот на Молдавија Игор Додон, членот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на

Косово Хашим Тачи, емирот на Катар шеик Темим Бин хамад Ал Сани, претседателот на Пакистан Мемнун Хусејин, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, претседателот на Киргистан Соранбеј Женбеков, претседателот на Судан Омер Ел Бешир, претседателот на Гвинеја Акфа Конде, претседателот на Замбија Едгар Лунгу, претседателот на Гвинеја Бисао Хозе Марио Ваз, претседателот на Екваторска Фвинеја Теодоро Обианг, претседателот на Сомалија Мухамед Абдулахи Мухамед Фармажо, претседателот на Мавританија Мохамед Оулд Абдел Азиз, претседателот на Габон Али Бонго Ондимба, претседателот на Чад Идрис Деби Итно, претседателот на Џибути Исмаил Омар Гуелех, претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

По свеченоста, претседателот Ердоган во чест на високите гости ќе приреди свечена вечера.

извор: Trt

MD