ТУРЦИЈА: Најмалку 10 загинати, а 73 повредени во железничка несреќа

0
431

Пет вагони на патнички воз излетале од пругите денес на северозападот на Турција, при што загинале десет,а повредиле 73 особи.
“Според нашите први проценки, десет лица загинаа, а 73 лица беа повредени”, пренесе за агенцијата Анадолу Ејуп Гумус од турското Министерство за здравство.
Воз, кој превезувал 362 патници и шест членови на екипажот, патувал од провинцијата Едрене во Истанбул, кога пет вагони излегле од шините во близина на селото Саларир во областа Текирдаг.
Околу 100 возила за вонредна помош биле испратени до местото на несреќата. Министерството за здравство испратило воздушни сили да помогнат во акцијата.
Причините за тешка железничка несреќа се уште се непознати.

Иёвор:(Vijesti / AA)