Партијата на правда и развој АКП (АК Партијата) за нов претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во новиот период го кандидира актуелниот и воедно последен премиер Бинали Јилдирим.
Прeтставниците на пратеничката група на Партијата на правда и развој АКП (АК Партијата) доставија предлог до Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со кој што премиерот Бинали Јилдирим е кандидиран за функцијата претседател на собранието.
По одржаните парламентарните избори на 24 јуни новите пратеници вчера положија заклетва во Големото Народно Собрание на Турција.
Премиерот Бинали Јилдирим беше меѓу првите пратеници кои положија заклетва.
Јилдирим на излегување од својата канцеларија во собранието одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелни теми и притоа на едно прашање во врска со неговата кандидатура за претседател на собранието рече: „Иншаллах нека е со среќа за татковината и народот. Не знам, меѓутоа може да има и други кандидати. “
На потсетување на новинарите дека претходно на едно прашање во врска со неговото кандидирање за претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одговори со зборовите: „Аллах затвора една врата, а отвора друга врата“, премиерот Бинали Јилдирим кој воедно е и последен премиер во досегашниот парламентарен систем на управување во земјата, овојпат го употреби изразот „Вратата е отворена.“
Инаку, на 9 јули во понеделник со полагање на заклетва на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој и официјално ќе стапи на должност во Турција ќе се премине на нов систем на управување, претседателски систем на власта.
На тој начин премиерот Бинали Јилдирим го запиша своето име во историјата како последен премиер на Република Турција, а со оглед на тоа што завршува парламентарниот систем на управување во земјата и се преминува на претседателски систем на управување.
извор:Trt
MD










