Хрватската репрезентација како една од најомилените на овој Мундијал кај многу фанови низ светот, а ја доби и поддршката од најранетиот народ во 21-век.
Не е многу тешко да се разбере за кој народ станува збор, бидејќи нема некој повеќе ранет од Сирискиот народ.
Причините на многу љубители на светот кој станаа фанови на Хрватска, можеме да ги наброеме како што се: Познати звучни имиња како Лука Модрич и Иван Ракитич, па нивната игра, нивната борбеност и креативност, се на се, сосема доволно за да се стане нивни фан, но кога сме кај Сиријците сигурно добро ни е позната причината зошто им ја пружиле поддршката на Хрватска, поготово против Русија.
Низ неколку слики ќе ви прикажеме како и на кој начин Сиријците ја прославија победата на Хрватска и што посакаа после излезот на Русија од Светското првенство.

“Моите Сириски соработници на Фејсбук многу се среќни што Хрватска ја победи Русија на Светското првенство, бидејќи тоа е нашиот национален тим на Слободната Сирија и со сликите на фудбалерите на Хрватска се слави насекаде”.
Суперфанови на Сирија(Syrian’sSuperfans) е твитер профил направен од група на филмски режисери од Алепо(Aleppo), која ги збира реакциите на Сиријците од градот Идлиб, по повод Светското првенство.

Градот после синоќешната победа, го номинира капитенот на Хрватската репрезентација, Лука Модрич за Златната топка како најдобар играч на првенството.
“Порака со поддршка од Сирија за Хрватска: Модрич е нашиот кандидат за Златната топка!”
Додека пак, некои сиријци се надеваат на нешто друго, покрај победата на Хрватска.

“Милиони Сиријци се среќни поради Хрватска, дали знаете зошто? Русија е надвор од Светското првенство.
Се надевам Русија еден ден ќе биде надвор и од Сирија. Наскоро.”

“Хрватска е на врвот. Следно е Русија да излезе од Сирија”.
Вака гласат навивачките пораки и барања на Сиријците и, иншАллах што поскоро ќе се остварат па Русија како од Светското првенство, така и од Сирија да се збогува.
MD










