Претседателот на Србија Александар Вучиќ заминува на еднодневна посета во Република Турција, каде ќе присуствува на инаугурацијата на Претседателот на Република Турција Реџеп Тајјип Ердоган во Анкара.

Реџеп Тајип Ердоган пред две недели победи на претседателските избори, а преку телефонски разговор победата му ја честитал и Вучиќ.

– Србија и дава големо значење на вистинското пријателство со Турција и се залага за поттикнување на добри и цврсти меѓусебни односи. Ние ќе продолжеме да бидеме сигурен партнер на Турција и нејзиното раководство, кое е подготвено да ги заштити и да ги брани вредностите и принципите во многу повеќе од само предизвикувачките периоди – изјави Вучиќ.

извор:informer

MD