Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл и порача на Германија дека, Австрија нема да земе ниту еден бегалец Германија.

Ние нема да земеме ниту еден бегалец за кој не сме надлежни и точка! – нагласи министерот во изјавата за виенскиот дневник “Ештерајх”, реагирајќи на соопштението на германскиот резидент – колега Хорст Зехофер, дека ќе ја натера Австрија да го прифати договорот за реадмисија со масовно враќање на границата.

Тој исто така изјави дека имале два разговори со Зехофер и дека во двата наврати му било ветено дека нема да се враќаат бегалците.

Деновиве се очеува разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел, со Италија и Грција, стоји во една од неговите изјави.

– Меѓутоа се да биде јасно, договорот кој е на штета на Австрија нема да го потпишеме ни по 100 години – гласно кажал Кикл.

Во дел од разговорот најавил дека Австрија ќе реагира на построги контроли на германската страна на границата.

– Ние во иднина генерално ќе ја зголемеме контролата на јужната граница. Со тоа и Австрија и Германија ќе бидат помалку растеретени. Ние притисокот го пренесуваме понатаму, така што еден ден ќе биде таму каде што и му е местото, а тоа е на надворешната граница на ЕУ – изјавил Кикл.

Тој, исто така, проценил дека платформите за азил во Северна Африка можат да бидат среднорочно решеие само ако сите учествуваат во неа.

Истовремено нагласил дека мора да им биде јасно дека во тие центри нема да биде можнно да се поднесе барање за азил, а со тие центри смета дека би требале да управуваат државите на северна Африка со финансиска помош од ЕУ.

извор:seebiz

MD