Во делови на Србија е прогласена вонредна состојба поради поплави. Според Штабот за вонредни состојби поплавени се куќи во неколку приградски населби на Чачак , каде надошле води по силните врнежи од дожд.
Во населбата Лозница се излила Лозничка река и предизвикала поплавување на куќите , додека целиот град е под вода со непроодни сообраќајници.
Метеоролошката служба издаде црвен аларм поради најавите за уште посилни врнежи од дожд низ цела Србија.

Поројниот дожд во Младеновац, Љиг и Аранѓеловац ги поплави улиците и неколку објекти.
Државната телевија на Србија (РТС) јави дека во Љиг и Аранѓеловац е прогласена вонредна состојба.
Во невремето најмногу е погоден центарот на Аранѓеловац каде што се излеала реката Кубршница од што се поплавиле станбени и деловни објекти.
Izvor:NovaTV











