Синоќа се одигра последниот натпревар од полуфиналето на Светското првенство помеѓу Русија и Хрватска.
Пред 44,287 гледачи на стадионот Фишт Олимпик во Сочи, двете репрезентации покажаа еден многу еуфоричен фудбал, како што се очекуваше,
со голема борбеност, и жар за пласирање во полуфиналето, во текот на 90-те минути успеаа да забијат двете репрезентации по еден гол.

Мечот со спектакуларен гол го отвори Денис Черишев во 31′-та минута на асистенција на Артем Џјуба, но водството на Русите не траеше долго бидејќи после осум минути Хрватите преку Андреј Крамариќ, на асистенција на Марио Манџукиќ, го израмнија резултатот на 1:1.

И покрај многуте шанси за гол во второто полувреме, Хрватите успеаа да направат пресврт во продолжението на натпреварот, во 101′-та минута од прекин, преку Домагој Вида, на асистенција на Лука Модрич.
Водството на Хрватска траеше се до 115′-тата минута, каде Марио Фернандес, на асистенција на Алан Џагоев, успеа да го изедначи резултатот на 2:2 и однесе Русија на пенали.

Пеналите и овој пат беа на корист на Хрватите, со успешно реализираните голови на М.Брозовиќ, Л.Модриќ, Д.Вида и Иван Ракитиќ и, промашениот пенал на М.Ковачиќ, а додека пак од другата страна, од вкупно пет, Русите и покрај трите добро реализирани пенали на А.Џагоев, С.Игњашевиќ и Д.Кузјајев, не успеаа да се пласираат во полуфиналето поради промашените пенали на Ф.Смолов и М.Фернандес.

Се на се, ни преостанува да му честитаме на Хрватите за нивната борбеност и влез во полуфиналето на Светското првенство.

MD