Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа одржаа поприлично напната заедничка прес конференција – околу миграциските прашања
Меркел порача дека ставот на Унгарија према миграцијата е “проблематичен” и, исто така истакна дека на Европа и треба “хуманост”.
На тоа Орбан одговори дека очигледно е дека “Германија и Унгарија различно го доживуваат светот”. Покрај тоа, рече дека Европа најдобро може да ја покаже својата хуманост на начин така што само ако престане да дава иницијативи кои мигрантите генерално ги поттикнуваат кон Европа.
Унгарскиот премиер исто така рече дека не било поштено Германија постојано да ја обвинува Унгарија за недостаток на солидарност истакнувајќи дека Германија всушност треба да биде “благодарна” бидејќи Унгарија ги затвори и брани своите граници.
извор:euronews
MD








