Српскиот судиски тим на чело со Милорад Мажиќ ја добија најтешката можна задача во четвртфиналето на Мундијалот, која ја извршие маестрално.
Мажиќ, и неговите помошници Далибор Ѓурѓевиќ и Милован Ристиќ синоќа на стадионот во Казањ на дербито помеѓу Бразил и Белгија (1:2) покажаа како вистински се суди едно вистинско дерби. Авторитетен од првата до последната минута, секогаш на вистинското место, не ја прекина играта кога не беше потребно и, што е најважно не направи ниту една грешка.
Се обиде Нејмар во неколку наврати да изглуми пенал, можеби во некои ситуации на прв поглед изгледаше како да има контакт за најстрога казна, но Мажиќ ниту еднаш не наседна на обидите за глума на бразилската звезда.
Имаше доста ситуации, една од тие е и падот на Габријел Жесус во шестнаестерецот, па Мажиќ преку радио-консултација со колегите од ВАР не досуди пенал со што и не погреши.
Па поради ваквите успешно завршени задачи, многу медиуми пренесуваат дека Милорад Мажиќ е главниот кандидат за судење на финалето на Светското првенство.
MD










