Организација на Мајка Тереза продавала бебиња?

0
600

Жена, која работи во хуманитарната организација Мајка Тереза ​​”Мисионери на милоста” во Индија, беше уапсена под обвинение дека наводно продала бебе старо 14-дена.
Уште две жени се приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, пишува Би-Би-Си.
“Дознавме дека уште неколку бебиња нелегално се продадени од овој центар. Ги најдовме имињата на мајките и овие бебиња и спроведуваме понатамошни истраги “, изјавил претставник на полицијата за Би-Би-Си.
Полицијата во центарот пронашла и околу 2.150 долари.