Секој, барем еднаш некаде, на некој објект или производ, го видел пред неколку децении натписот “Made in Yugoslavia”.
NATPIS SA ŠAHTA U ABU DABIJU !! pic.twitter.com/Qfrih0Gtjr
— Misko Misko (@todDM53izjASpRe) July 1, 2018
Иако овој натпис сè уште може да се најде во поранешните републики на поранешната заедничка држава, малкумина очекуваат дека остатоците од тие времиња сеуште постојат во далечните Обединети Арапски Емирати, објави Б92.
Една слика, која кружи на социјални мрежи во последните неколку дена, е токму она што ова го покажува.
На неа е прикажан поклопец на шахта снимен на улиците на Абу Даби, на кој како производител е втиснат натписот Југославија.
Корисниците на социјалните мрежи кои ја коментираа снимената сцена нè потсетија на квалитетот на производите на југословенската индустрија.
Добриот доказ за тоа, е токму фактот дека поклопецот за шахтата, речиси 30 години по распадот на земјата во која е произведена, ја извршува својата функција во град со голема сообраќајна густина од 5.000 километри оддлаечен од кај нас.










