Брод за спасување со 60 мигранти се усидри во пристаниште во Шпанија откако Италија и Малта одбија претходно да го прифатат. Спасувачкиот брод “Open Arms” го заврши своето четиридневно патување во Барселона, откако во саботата спаси 60 лица во гумен чамец кој плутал во водите на северна Либија.
Италијанската влада ги блокира приватните бродови за спасување, обвинувајќи ги за поттикнување на процесот на шверц на луѓе и пристигнување на мигранти во Европа, но хуманитарните организации го негираат тоа.
Мигрантите на бродот биле од 14 земји, меѓу кои пет жени, деветгодишно момче и четири тинејџери.
Властите ќе им дадат дозвола за 30 дена да аплицираат за азил или да побараат азил во ЕУ, а многу од нив имаат роднини во Германија, Белгија и Франција, објави АП.










