Обединетите Арапски Емирати ги замрзнаа сметките на 9 лица и фирми од Иран

0
480

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) започнаа со конфискување на имотите на лица поединци и фирми од Иран кои се приклучени во списокот на лица и фирми поврзани со тероризмот.

Во објавеното соопштение од Институцијата за хартии од вредност на Обединетите Арапски Емирати се истакнува дека се започнати постапки за замрзнување на сметките на 9 лица и фирми од Иран за кои се наведува дека се поврзани со тероризмот.

Во сооопштението на институцијата не беа дадени детални податоци во врска со лицата и фирмите за кои станува збор.

Освен тоа во списокот се предупредува да не се замрзнуваат имотите на било кои лица поединци и фирми освен оние внесени во списокот.

Како што се вели наведените лица и фирми доставиле милиони долари на силите Кудс лојални на Иранската револуционерна гарда, а со цел финансирање на активностите кои ја потресуваат стабилноста во регионот.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во мај, по одлуката за повлекување од нуклеарниот договор со Иран донесе одлука за воведување кривична санкција против 6 лица и три фирми, а со образложение дека се поврзани со силите Кудс лојални на Иранската револуционерна гарда.