Сириската влада ги повика граѓаните да се вратат во своите домови

0
636

Сириската влада ги повика граѓаните, кои заради воените дејствија ги напуштија своите домови, да се вратат откако сега големите делови на земјата се ослободени. Ситуацијата се променила по ослободувањето на делови од земјата што ги држеле терористи, а сега се ослободени од страна на владините сили во соработка со сојузниците или преку процесот на помирување, пренесува SANA.

Многу од внатрешно преселените лица се вратија во своите области, а владата истакна дека е одговорна за нивната безбедност, како и дека ќе им ги даде сите можни услуги, пренесуваат официјални претставници.
Дамаск ја истакна важноста на хуманитарните организации и на меѓународната заедница да помогнат за враќање на сириските граѓани во својата земја, пренесува РТ.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)