За време на изведување на градежни работи во Александрија, Египет, пронајден е саркофаг со тежина од 30 тони, пренесуваат медиумите.
Египетскиот државен весник Ахрам известува дека саркофагот од мермер бил случајно откриен за време на изградбата на зграда во Александрија.
Во веста во која е кажано дека на местото на настанот биле испратени припадници на силите за безбедност и други официјални лица, се вели дека саркофагот бил извлечен во соработка со припадниците на вооружените сили и Министерството за антиквитети.
Египет, е земја со богато културно наследство, често е цел на ловците на богатството, кои од историско значење од време на време успеваат да шверцуваат преку границите.
Минатата година, Министерството за антиквитети објави дека во последните 50 години биле шверцувани 32.638 предмети во странство.











