Грчки министер го урива договорот со Македонија

by Administrator

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, изјавил дека нема да дозволи договорот за името на Македонија да биде ратификуван сè додека не биде одобрен од гласачите на референдум или на избори.
Изјавата на шефот на десничарската партија Независни Грци уккажува дека е подготвен да ја собори коалициската влада заради договорот соседната земја да го добие името “Северна Македонија”, објави АП.
Договорот на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, наиде на забелешки во двете земји. И во Грција и во Македонија, се одржаа протести, а македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише договорот.

Извор:cdm

You may also like