Државни службеници објавија дека поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак во вторникот бил приведен од страна на антикорупциските власти, објави агенцијата
Службеникот, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека Разак бил однесен од неговиот дом во вторникот до седиштето на Малезиската агенција за борба против корупцијата, а агенцијата наскоро ќе објави соопштение. И неговиот помошник, кој одбил да биде наведен, го потврди неговото апсење.
Малезиската агенција за борба против корупцијата, исто така, го приведила и Риза Азиз, поранешнен соработни на премиер Наџиб Разак и холивудски продуцент, како дел од истрагата за наводната кражба и перење пари во државниот инвестициски фонд”First Malaysia Development Berhad” (1MDB).
Наџиб го основа Првиот Малезиски фонд ”First Malaysia Development Berhad” (1MDB).) кога ја презеде власта во 2009 година, меѓутоа во краток рок фондот насобрал милијарди долгови.
Американските истражувачи велат дека соработниците Наџиб отуѓиле и испрале 4,5 милијарди долари во фондот од 2009 до 2014 година.
27,3 милиони долари беа доделени од фондот за купување ретки дијамантски ѓердани за сопругата на премиерот Росмах.
Приведувањето на Наџиб се случи речиси на два месеца по шокантниот пораз на неговата коалиција на општите избори во Малезија на 9-ти мај.
Новиот премиер Махатир Мохамад повторно ја отвори истрагата за 1МББ, која потисната под Наџиб за време на неговиот мандат.Махатир, кој беше малезински премиер веќе 22 години до 2003 година, рече дека Наџиб ќе се соочи со последиците од прогласувањето за виновен за проневера.
Извор:faktor










