Насловната страна на ”Marcа” ја донесува фотографијата на Кристијано Роналдо “на заминување“ и голем натпис : “Јувентус сериозно тргна по Роналдо“.
Истакнато е дека на најдобриот стрелец во историјата на Реал му нуди 120 милиони евра за четири години. На тој начин CR во Торин до 2022 година би заработувал дури пет милиони евра повеќе одтколку во Мадрид.
Според наведениот извор, Јувентус веќе ги започнал преговорите со Реал, кој пред година и пол во договорот на Роналдо ја постави откупната клаузула од милијарда евра.
Ама, Роналдо имал писмена потврда дека ќе го напушти со разумна одштета во клуб под услов да не е директен ривал на Реал.
”Marca” пишува дека Роналдо сака да замине во Јувентус, значи остана уште “само“ да се договорат клубовите.
Роналдо во фебруари наполни 33 години, а во Реал е од 2009 година. Кон крајот на минатата година го продолжи договорот до 2021 година. Меѓутоа, не е тајна дека е незадоволен од односот и платата бидејќи смета дека Реал “ не му искажува доволно почитување“. Од друга страна, претседателот на Јувентус постојано го поткрепува и фали, а тоа на Роналдо посебно му годи.

(Vijesti / Index)










