Вулкан на индонезискиот туристички остров Бали повторно еруптира доцна во понеделникот, фрлајќи лава и пепел на километри во воздухот, и пуштајќи ги во паника жителите да бегаат од своите домови.
Вулканот Агунг во североисточниот дел на Бали грми од крајот на минатата година, а заради него во петокот се случи привремено затворање на меѓународниот аеродром, заради што стотици патници останаа да чекаат. Повеќе од 300 летови се откажани, објави Хина.
Индонезиската Агенција за катастрофи објави дека жителите слушнале моќна експлозија и виделе како вулканот фрла материјал кој гори и тоа најмалку два километри над кратерот. Ерупцијата траела околу седум минути.
Последната голема ерупција на Агунг беше во 1963 година, кога повеќе од илјада луѓе беа убиени, а неколку села беа уништени на неговите падини.
Извор: агенции









