ТУРЦИЈА: Во Егејското море приведени 43 мигранти, меѓу кои и деца

0
410

Во областа Урла, во турската провинција Измир, приведени се 43 мигранти кои се обиделе да ја напуштат земјата незаконски.

Во акција на екипата на крајбрежната стража во Егејското море во 03:50 часот по локално време, забележана била група на мигранти во гумен чамец.

Мигрантите, меѓу кои се наоѓале 15 жени и 13 деца, потекнуваат од Сирија, Конго, Палестина и Сомалија.
Странците беа предадени на Дирекцијата за управување со миграции во Измир.