Се ожени познатиот Сараевски имам Мухаммед еф. Велиќ

0
972

Познатиот сараевски имам Мухамед еф Велиќ вечерва вплови во брачните води.
Велиќ и неговата избрана Медина Бабиќ, која е инаку од Кисељак, беа фотографирани на неколку локации во Сараево.
Мухамед Велиќ е автор, публицист и аналитичар на верско-културна и социо-политичка реалност. Завршил Гази Хусрев-бег медрезе и Факултетот за исламски науки во Сараево, каде што владее од областа на тефсир – толкувањето на Куранот.


Тој е професионално ангажиран како Имам, Хатиб и Муалим во Меџлисот на исламска заедница во Сараево.
Долгогодишен колумнист е на списанието Препород. Активно учествува во медиумската презентација на исламското верување, прагмата и наследство. Соработник е на неколку дневни весници и списанија, и има објавено досега две книги.
Својата популарност ја стекнал со чести објави на социјални мрежи каде има бројни лица кои го следат а исто така еден е и од најголемите хуманитарни активисти.