Израелската војска денеска соопшти дека поставила дополнителни тенкови и артилериски единици долж границата со Сирија, јавува Ројтерс.
Војската на Израел наведува дека тоа е направено заради внимателност и заради зголемените борби помеѓу силите лојални на владата на Сирија и бунтовниците.
“Силите ова утро, биле поставени како дел од подготовките и зголемената состојба на подготвеност заради настаните на Голанската висоравнина”, објави армијата на Твитер.
Израелскиот министер за енергетика Јувал Стајниц во петокот рече дека Израел мора да го спречи влезот на бегалци кои бегаат од Сирија.
“Мислам дека мора да го спречиме влезот на бегалци од Сирија во Израел, во минатото, спречувавме таквите случаи”, изјавил Стајниц, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 120.000 луѓе избегаа од југоисточниот дел на Сирија од почетокот на офанзивата од страна на владините сили, објави во петокот сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Опсерваторијата наведува дека десетици илјади луѓе се на границата со Сирија со Јордан, додека илјадници други побегнале во Голанската висорамнина, објави Ројтерс.
Шефот на Обсерваторијата, Рами Абдуламан, изјавил дека цивилите во голема мера ја напуштиле источната провинција Дера и дека владините сили напреднале.
Сирискиот град Даел во северозападна провинција Дера вчера прифати да се врати под контрола на владата, соопшти официјален претставник на државната телевизија, кој емитува снимки од сцената.
Снимките покажуваат како луѓето викаат слогани за поддршка на сириската армија и претседателот Башар ал-Асад.
Претходно, сириската армија влезе во градот, објави Ројтерс.
Сириските владини сили започнаа офанзива во југозападниот дел на земјата, во обид повторно да го окупираат областа во близина на границата со Јордан и Голанските височини.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал Хусеин,изјави дека цивилите во сириската провинција Дера можеби се наоѓаат заробени под опсадната состојба и дека тоа може да доведе до катастрофа, објави Танјуг.
Ал Хусеин ситуацијата во Дера ја спореди ситуацијата со бомбардирањето и битката за Источна Гута.
Комесарот изјави дека неговиот кабинет имал информации дека терористичката група, Исламската држава се обидува да го контролира сливот на Јармук во провинцијата Дера и не дозволува цивили да ги напуштат подрачјата под нивна контрола, објави Ројтерс.
Тој изјавил дека некои контролни пунктови под државна контрола им наплаќаат на луѓето и по неколку стотини долари за да поминат.
Тој ги повика сите страни да обезбедат безбеден премин за сите оние кои сакаат да избегаат.
Извор:(Vijesti)









