Романската влада објави дека најмалку три лица загинале, а повеќе од стотина биле спасени за време на силните бури и обилни дождови кои ја погодија земјата. Романското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека 760 лица биле спасени или евакуирани и дека 20.000 работници на итната служба работаат на терен.
Маж кој денес со коњ преминувал река се удавил откако претходно бил однесен од водата. Една жена се удавила во источниот дел на Романија, откако била однесена од надојдената вода. Третата жртва бил маж кој настрадал додека собирал зеленчук, објави Танјуг.
Романските власти објавија дека се поплавени пет национални патишта и дека сообраќајот во централна Романија е во прекин.
На неколку места во земјата има прекин на електрична енергија а властите го растот на нивото на двете реки во северна Романија.
Извора (Vijesti)











