Саудиска Арабија објави дека кралот Салман разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, ама дека во текот на разговорите не станало збор за производство на дополнителни два милиона барели нафта кои Трамп претходно ги спомена на “Твитер”. Во разговорот двајцата лидери истакнале дека потребно е да се направат напори како би се одржала стабилноста на нафтениот пазар и растот на глобалната економија “, пренесе државната агенција Saudi press.
Во соопштението се додава дека постои разбирање дека земјите што произведуваат нафта ќе мора да обезбедат “компензација за сите можни недостатоци на залихите” без дополнително објаснување.
Извор:(Vijesti)











