Германски медиуми: Месут Озил виновен за испаѓањето на Германската репрезентација од СП во Русија

0
819

Откако Германската фудбалска репрезентација беше неочекувано елиминирана од Светското првенство во Русија во групната фаза на натпреварувањето, некои германски медиуми објавија дека репрезентативецот Месут Озил од турско потекло е еден е од главните виновници, објави агенцијата Анадолу (АА).

Весникот Билд, која претходно објави неколку статии во кои Озил е сериозно критикуван, ја објави статијата под наслов “Озил, двојна главоболка и ништо повеќе”.
Во статијата била објавена фотографија од месец мај во Лондон на која Озил и германски репрезентативец Илкај Гундоган се фотографирани со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Ozil oÅ¡tro kritikovan

Германскиот весник тврди дека овој настан е една од причините зошто германската репрезентација предвреме е елиминирана во Мундијалот во Русија.

Во текстот се наведува дека Гундоган веќе се огласил во врска фотографијата, меѓутоа дека Озил сè уште не дал изјави за споменатиот случај, како што е додадено, предизвикал затегната атмосфера во германската селекција.Резултат со слика за Mesut Ozil Erdogan

Весникот тврди дека спонзорите и управата одобруваат Озил да биде отстранет од германската репрезентација.
Билд понатаму вели дека поради фотографија во германскиот тим, имало групирање на играчи, истакнувајќи дека Сами Кедира, Џером Боатенг и Џулијан Дракслер застанале до Озил, додека пак, на другата страна, биле Манеул Нојер, Матс Хаммелс, Томас Милер и Тони Кроос.

Сепак, Кедира им изјавил на новинарите дека не е исправно овој случај да се наведе како изговор за елиминација на Германија.

Дие Велт напишал дека треба да се формира нов тим, додавајќи дека во него не треба да бидат вклучени Кедира, Озил и Марио Гомез.

Некои медиуми, во близина на екстремната десница, освен за фотографијата со Ердоган, исто така го критикуваа на Озил и заради тоа што не ја пеел германската химна пред натпреварите и што во текот на натпреварите се молел како муслиман.

Озил во дресот на германската репрезентација одиграл 92 натпревари постигнувајќи 23 голови и 40 асистенции.

Извор: Анадолија