Протести против политиката на Трамп спрема мигрантите: Приведена артистката Сузана Сарандон

0
333

Актерката Сузан Сарандон беше уапсена минатата ноќ по протестот против Доналд Трамп, објавија американските медиуми.

Сарандон беше уапсена со уште 574 жени кои протестираа против имигрантската политика на Трамп, и цело време извикуваа: “Нас ни е грижа!”
На тој начин тие одговорија на натписот: “Всушност, не ми е грижа, а вас ?” на јакната Мелани Трамп, која минатата недела ја носела во текот на посета на еден имиграциски центар.

Сузан за време на протестите објавувала статуси на Твитер, и веднаш после завршување на протестите, таа била приведена со останатите жени кои се противеле на политиката на Доналд Трамп.

Сарандон била социјално активен за време на предизборната кампања. Таа нагласувала дека на местото на претседател на САД посакува”вистинска жена”, иако не ја поддржа ниту Хилари Клинтон или Доналд Трамп.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=LIEnwVaL9cE[/embedyt]

Извор:Faktor