Заради офанзива на владините сили 120.000 цивили пребегнале од југозападот на Сирија

0
336

Повеќе од 120.000 луѓе пребегнале од југоисточниот дел на Сирија од почетокот на офанзивата од владините сили, пренесува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на опсерваторија за човекови права во Лондон. Канцеларијата соопшти дека десетина илјади луѓе се на наоѓаат на границата на Сирија со Јордан, додека уште илјадници побегнале кон Голанската висоравнина.

Директорот на Обсерваторијата, Рами Абдуламан, изјавил дека повеќето цивили го напуштиле источниот дел од провинцијата Дера и дека владините сили напредуваат.

Сириските владини сили започнаа офанзива во југозападниот дел на земјата, во обид повторно да ја заземат областа во близина на границата со Јордан и Голанската висоравнина.

Извор:(Vijesti/ ФЕНА)