Познатиот турски бизнисмен Шарик Тара, почесен директор на холдинг ЕНКА, почина на 88 години. Според наводите на управата на холдингот, тој е еден од најбогатите луѓе во Турција, Тара починала во 19.25 по локално време во болницата Аџибадем во која, поради здравствени проблеми , ги помина последните 20 дена од животот.
Џеназе-намаз ќе се клања во саботата, 30-ти јуни.
Шарик Тара е роден на 22 април 1930 година во Скопје. Со неговото семејство се преселил во Турција во 1944 година. Дипломирал во 1954 година на Градежниот факултет при Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU). Заедно со својот зет, во 1957 година ја основал градежната компанија ENKA, која прераснала во една од најголемите компании во Турција.
Со 2,5 милијарди долари, Тара е рангирана на седмо место на списокот Форбс на “100 најбогати луѓе во Турција” оваа година.
Извор:(Vijesti / SB)










