Турскиот министер за транспорт и комуникации, Ахмет Арслан, предложил дека третиот и најголем аеродром во Истанбул, еден од најголемите во светот, треба да биде именуван по турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Министерот Арслан изјавил дека аеродромот треба да го носи името на Ердоан заради неговиот придонес во развојот на Истанбул во последните 16 години.
Истанбул ќе го отвори својот трет аеродром во октомври оваа година. За изградбата е вложено 12,5 милијарди долари.
Годишно ќе може да прими 200 милиони патници. Аеродромот, исто така, ќе бележи 3.000 полетувања и слетувања на авиони.
Извор:cdm










