МОСКВА: Пожар во трговски центар, евакуирани 3.000 посетители

0
408

Околу три илјади луѓе денес се евакуирани од трговскиот центар Атриум во центарот на Москва, откако избувнал пожар, пренесоа извори од службите за итна помош на рускиот главен град, објави РТ.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=eoXxCE8DjLY[/embedyt]

“Според првите податоци, центарот на огнот бил на покривот на трговскиот центар “, наведил изворот.
Причината за пожарот се утврдува а според првите информации се запалила и изолацијата на покривот на зградата.


Нема информации за повредени во инцидентот.
Потсетуваме, Русија се ‘уште се опоравува од големиот пожар што избувна во трговски центар во Кемерово во март, кога настрадаа повеќе од 60 луѓе, воглавно деца.
Извор:cdm