Како што се очекуваше и најавуваше, Милан официјално е исклучен од европските натпреварувања во траење од две години. Заради прекршување на финансискиот фер плеј, Милан нема да може да игра во Европа во две сезони, во која требаше да игра во групната фаза на Европската лига . Тоа значи дека наместо Милан во групната фаза ќе игра Аталанта.
Според инфрормациите на премиум Спорт, Росонерите ќе мора да платат и парична казна од дури 30 милиони евра, а ќе имаат и право да поднесат жалба до Меѓународниот суд за спорт во Лозана, по што нивната судбина дефинитивно ќе биде позната.
Извор:(Vijesti / SCsport)










