Во јапонскиот град Коби, работник во водоводната компанија казнет е заради тоа што на пауза заминал на три минути пред планираното време. Тој бил пријавен од страна на негов колега.
Заради тоа, неговите претпоставени дури и свикале прес-конференција на која однесувањето на работникот било опишано како тажно и се извиниле заради целокупната ситуација.
Покрај тоа, тие откриле дека 64-годишњак истата работа ја направил по 26 пати во седум месеци, пишува Japan Inside. Казнет е со неколку илјади јени и доби укор, објави index.hr.
“Паузата за ручек во нашата фирма започнува точно напладне и трае до 13:00 часот. Нашиот вработен направи грешка бидејќи тој неколку минути порано го напуштил работното место, кршејќи ги внатрешните правила на компанијата “, изјавил портпарол на компанијата.
“Многу е тажно што дојде до вакво кршење на правилата на однесување. Жал ни е “, порачале претставници на компанијата на прес- конференцијата.
Работникот го прекршил Законот за државни службеници, во кој се наведува дека тие се должни строго да се концентрираат на работата.
Претходниот месец, Долниот дом на јапонскиот парламент усвои закон за подобрување на работните услови. Тие воведоа еднаква плата за иста количина на работа за да се спречи неправеден третман или непријавување на вработени, пишува Business Times.
Ако законот биде усвоен, тоа ќе биде крај на прекувремена работа. Законот ќе воведе казни за прекршоци, а превремениот број на часови годишно ќе биде ограничено на 720 часа. Ова би значело помалку од 100 часа прекувремена работа месечно.
Сепак, критичарите на овој закон тврдат дека некои од неговите одредби ќе го влошат проблемот со прекувремена работа, бидејќи законот ги ослободува високообразованите и високо платените вработени, бидејќи нивните плати ќе ќе бидат базирани на резултатите, а не на одредените часови.
Додека Претставничкиот дом гласал за овој закон, семејствата на оние кои извршиле самоубиство поради работа стоеја пред парламентот со фотографиите на саканите. Законот беше усвоен во Долниот дом и испратен до Горниот дом на парламентот.
Ген Ока, кој е задолжен за вработените во компанијата за снабдување со вода во Кобе, во која вработениот од почетокот на приказната на пауза заминувал три минути порано, изјавил во интервју во петокот дека вработениот “станувал од својата маса три минути порано меѓу 11.30 и 11.40 часа 26 пати од септември 2017 до март 2018 година “.
Вработениот , кој потоа бил изведен пред внатрешната контрола, им рекол на своите претпоставени дека одел во блискиот ресторан каде нарачувал ручек бенто бокс ручек, бидејќи му требало “промена на темпото”. Бенто бокс е карактеристичен ручек за надвор во Јапонија, чија традиционална верзија содржи ориз или лента ориз, риба или зеленчук од пржено месо.
Но, неговата контрола го известила ручекот можел да го нарачува во време на паузата, значи помеѓу 12 и 13 часот.








