Шпанската влада соопшти дека нема да го прифати спасувачкиот брод “Lifeline” со мигранти, на кој се наоѓаат околу 230 луѓе. Како што изјавил министерот за економски развој на земјата, Хозе Луис Абало, Шпанија не може “да стане морска спасувачка организација за цела Европа”, објави Дојче Веле.
Оваа одлука е донесена откако бродот веќе беше вратен од брегот на Италија и Малта.
Претходно овој месец Шпанија прифати спасувачки брод кој беше во слична ситуација.
Земјите од ЕУ бавно ја решаваат миграционата криза, и за ова прашање ќе се разговара во четврток на самитот во Брисел.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)









