Невреме ја зафати Словенија: Алпскиот врв Кредарица под снег

0
847

Кредарица е планински врв во јулијанските Алпи во Словенија и се наоѓа на 2541 метри надморска височина. Иако највисокиот врв Триглав е многу близу, снегот што паднал до Кредрарица ова утро не е толку вообичаен за крајот на јуни.

Денешната температура на воздухот, измерена со снежното невреме, изнесува -0,6 ° C. Словенечкиот хидрометеоролошки институт ова утро објави дека во Кредарица во осум часот изутрина измерени се пет сантиметри снег.
Според достапните податоци од Хидрометеоролошкиот завод (АРСО), моменталната температура на Кредерица изнесува 1 ° С, а снегот и повремено и понатаму паѓа.
Највисока температура на воздухот во Кредарица беше измерена на 27 јули 1981 година и изнесувала 21,6 ° C, додека најниската измерена температура беше -28,3 ° C и беше измерена на 7 јануари 1985 година.