Саудиските сили пресретнаа и уништија две ракети над главниот град Ријад

0
500

Саудиска Арабија во неделата објави дека над главниот град Ријад пресретнала две ракети лансирани од страна на милициите Хуси од Јемен, откако силите под раководство на Саудиска Арабија одлучија да ја преземат контролата над главното пристаниште во Јемен од проиранската коалиција.

Најмалку шест силни експлозии се слушнале и забележале над небото на саудискиот главен град, изјавил сведок за Ројтерс.

Остатоци од проектилите забележани биле на улиците во дипломатскиот кварт каде се наоѓа мнозинството на повеќето амбасади и каде живеат многу странци, меѓутоа немало посериозни оштетувања.
“Саудиските кралски воздушни одбрамбени сили ги пресретнале и уништиле ракетите, а дел од остатоците паднале на станбени површини, за среќа без жртви”, изјавил портпаролот на полковникот Турки ал-Малки.

Телевизијата “Ал-Масира” од Хусите соопштила дека ракетите “Буркан” биле лансирани на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија и други цели.

(Vijesti / ФЕНА)