Кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција, Мухарем Инче, синоќа ја призна победата на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори. “Признавам дека Ердоган победи на изборите”, ги објави Хабер Турк ТВ зборовите на Инџе.
Актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно ја објави својата победа во првиот круг од претседателските избори, кои, според неофицијални резултати, освоија нов мандат, но овој пат со извршни овластувања.
“Нацијата ми ја довери одговорноста за представување и извршну должности”, рекол 64-годишниот Ердоган во говорот во Истанбул кој беше емитуван на телевизија.
Тој ја прогласи победата на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија за правда и развој (АКП) и малата Партија на националното движење (МХП) на парламентарните избори, изјавувајќи дека тие имаат парламентарно мнозинство во собранието од 600 места пратенички.
“Се надевам дека никој нема да се обиде да фрли сенка врз резултатите и да и наштети на демократија, со цел да го скрие својот неуспех”, рекол Ердоган.
Извор:(Vijesti. / ФЕНА)









