Терористичката организација ФЕТО се обиде да предизвика хаос во Турција за време на денешните претседателски и парламентарни избори. Според податоците собрани од страна на новинар на АА, терористите на ФЕТО користеле различни методи за обид да ја дестабилизираат Турција за време на претходните избори во Турција.
Лидерите на ФЕТО на припадниците на оао организацијата и за време на локалните избори во март 2014 година и парламентарните избори во јуни и ноември 2015 година во Турција наредиле да гласаат за најсилните противкандидати на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија).
Турските истражни власти излегоа со бројни докази за да го потврдат ова, и ова се документи запленени за време на претресот на куќите на членовите на ФЕТО, како и нивните признанија за давање изјави пред судството. Наредби исто така биле пронајдени во записници од пресретнати пораки од страна на терористите на ФЕТО кои го користеа шифрираниот систем за комуникација ByLock.
Раководството на терористичката организација ФЕТО побарача од своите членови да не влегуваат во предизборни разговори со претставниците на АК партијата, туку да ги истакнат лошите работи во земјата и да не гласаат за таа партија.
Истражните органи исто така откриле дека ФЕТО побарала од своите членови на истокот и југоисточниот дел на Турција да гласаат за опозициската Народна демократска партија (ХДП) чии лидери се обвинети за врски со терористичката организација ПКК. Со цел да се избегне реакцијата на пошироката јавност, лидерите на ФЕТО партијата ХДП ја именувале со кодното име “ДП”.
Уапсените членови на ФЕТО признаа дека сите добиле задачи и морале да поднесуваат редовни извештаи за активностите спроведени за поддршка на најсилните противници на АК-партијата во сите турски региони.
“Харам е да се гласа за партијата АК која ја води земјата во состојба како државата Северна Кореја. Ако треба, за тоа и фетва издадов”, изјавил еден поранешен член на муфтивство и член на ФЕТО во текот на неговата преписка со други членови на таа организација на ByLock.
ФЕТО во пресрет и во текот на денешните избори во Турција продолжи со своите обиди за пореметување на изборниот процес.
Пребегнатиот Тунчај Опчин, обвинет за планирање на воен удар, тврдел преку социјалните мрежи дека изборите ќе бидат лажирани.
ФЕТО продолжи со поддршката на ХДП за да го премине изборниот праг од десет проценти за да влезе во турскиот парламент.
Со поддршката на ХДП, приведените членови на ФЕТО видоа можност за излез на слобода откако во јули 2016 година се обидоа да извршат воен удар.
Притворените членови на ФЕТО, меѓу кои и поранешните генерали на турската армија, Гохан Сахин Сонмезатес, Мехмет Партигоц и Чемил Турхан, побараа од семејствата кои ги посетија во затвор да гласаат и агитираат за гласање за ХДП.
На денот на изборите, членовите на ФЕТО ги провоцирале турските гласачи во различни делови на таа земја.
На избирачкото место во Истанбул, една жена предизвика инцидент кога не и било дозволено да гласа во присуство на нејзиниот син и сопруг, барајќи од изговор дека е неписмена, а турската полиција интервенирала и со идентификација утврдила дека нејзиниот маж и син се на листата на барани бегалци на ФЕТО. И двајцата биле уапсени.

Извор:(Vijesti / AA)